7.9 C
Skopje
Saturday, January 23, 2021

Собраната хуманитарна помош од ЈП „Комунална хигиена“ транспортирана во Албанија

Најчитани вести

Во текот на изминатата недела, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје отвори пункт за собирање хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди соседна Албанија.

Вработените во Претпријатието собраа 208 пакети со хуманитарна помош во вид на храна, облека, постелнина и хигиенски средства, што денеска во координација со Црвениот крст на беа испратени во местата погодени од земјотресот.

„Премногу сум им благодарен на вработените во ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје што ја покажаа својата хуманост на дело, затоа што секој од нас и самиот лесно може да стане жртва на ваква елементарна непогода. Ќе настојувам хуманитарните акции во Претпријатието да станат традиционални, со цел да им помогнеме и на сите наши социјално загрозени сограѓани коишто имаат потреба од овој вид на помош“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести