Home » Собир на Српската народна странка во Белград

Собир на Српската народна странка во Белград

by Журнал.мк

Илјадници луѓе се очекуваат денеска во Србија на собирот на Српската напредна странка. Организираниот собир се смета за контрамитинг на протестите против насилство, на кои во неколку наврати излегоа граѓаните на улица.

„Српскиот претседател Вучиќ најави дека ќе зборува како претседател на Републиката. Ќе се обиде малку да го спушти тонот затоа што очигледно сфатија дека немаат проблем со опозицијата колку што имаат со општеството, односно со јавноста што се разбуди“, рече Зоран Гавриловиќ, политички аналитичар.

Властите велат дека никој нема да дојде под присила на собирот, но опозицијата тврди состојбата на теренот укажува оти има голем притисок врз вработените во јавните претпријатија за присуство во Белград. Утре пак, опозицијата во Србија организира свој протест.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk