1 C
Skopje
Friday, February 26, 2021

Снимена Alpina изведбата на BMW X7

Најчитани вести

Во октомври минатата година официјално беше претставен новиот X7 – најголемиот SUV модел во понудата на BMW кој дојде како конкурент на Range Rover и Mercedes GLS.

Во меѓувреме првиот човек на Alpine, Андреас Бовензипен потврди дека ќе биде лансирана и Alpina X7 изведбата. Токму тестирањето на овој модел се одвива во моментов, а папараците успеаја да го снимат одблиску.

Иако парцијално маскиран, од двете фотографии кои се појавија на интернет може да се види дека оваа изведба добива нови предни и задни, поспортски браници. Тоа е единственото нешто што може да се забележи од екстериерот на возилото.

Alpina BMW X7

Сепак за очекување е овој модел да доби нови алуминиумски бандажи, поспортски и комфорни седишта, подобри кочници, спортски издувен систем од нерѓочувачки челик, препознатливиот Alpina aero body kit и слично.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести