23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Снема и регистерски таблички поради поништен тендер

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи се соочува со недостиг на регистарски таблички поради тоа што ланскиот тендер бил поништен и навремено не бил избран понудувач.

Компанијата „Раде Кончар – Контактори и релеи“ до лани беше одговорна за изработка на регистарските таблички по договор склучен со Министерството за внатрешни работи.

„Имајќи ја предвид сериозноста на состојбата, како единствен производител на овие таблички, благовремено го информиравме Министерството за внатрешни работи дека постои недостиг на регистарски таблички поради истек на договорот. Раде Кончар – Контактори и релеи ниту добиваше нарачки за изработка, ниту имаше законска можност да испорачува регистарски таблички во изминатиов период“, соопшти компанијата.

На 26.09.2020 МВР објавило повик за јавна набавка на регистарски таблици за моторни возила, кој завршил со поништување. Во повторената постапка Министерството дури во април донело одлука за избор на најповолен понудувач. Компанијата „Раде Кончар – Контактори и релеи“ е елиминирана и најави дека своите права ќе продолжи да ги остварува преку надлежните институции и во рамки на позитивните прописи.

Компанијата соопшти дека е единствена домашна фирма која инвестирала во комплетна технологија за производство на регистарски таблички од 1996 година.

„Како единствен домашен производител на регистарски таблички сме горди на квалитетот кој е потврден со меѓународни сертификати и поради тоа ги преземаме сите потребни мерки за спречување на ширење на шпекулации и невистини кои негативно се одразуваат на нашето работење и углед“, наведуваат од компанијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести