27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Смртноста од Ковид-19 во Црна Гора во февруари зголемена за 70 отсто

Најчитани вести

Во Црна Гора 210 граѓани починаа како резултат на Ковид-19 во февруари, од кои 12 вчера, што е зголемување за 70 проценти во споредба со јануари, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Од почетокот на епидемијата, во Црна Гора починале 1.015 лица заболени од Ковид-19.

Дека епидемијата, и покрај строгите мерки, кои вклучуваат „локдаун“ на осум градови и затворање на угостителските објекти, добива на интензитет, покажува зголеменото оптоварување на капацитетот на болниците и растот на бројот на заразени лица, пренесува РТЦГ.

Според вчерашните податоци, рекорден број од -131 заболен пациент се лекува во Клиничкиот центар, а 113 во ковид болницата во Бар.Дури 100 лица се во критична состојба во тие две институции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести