9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Смилевски: Приоритет е изградба на атмосферска канализација, Бутел ќе добие четири катни гаражи

Најчитани вести

Изградба на атмосферска канализација е приоритет во мојата програма изјави кандидатот за градоначалник на Бутел, актуелниот прв човек на општината, Велимир Смилевски во дебата на ТВ Клан.

-Освен атмосферската канализација, клучни проекти и во завршна фаза се изградба на градинка во склоп на ОУ„Свети Климент веднаш по изборите, како и училиште во Визбегово за кое отворање на тендер е предвиден за 12 октомври. Предвидени се катни гаражи- две катни гаражи во Скопје- Север, една во ТЦ „Живко брајковски“ и Радишани. Многу важно за жителите на Бутел 1 и село Бутел е што со дислокација на ПС во месноста Расадник ќе изградиме зелен пазар, рече Смилевски.

Според него, се она што го ветиле во најголем дел е завршено или е во завршна фаза.

-Во однос на ветувањето за Поликлиниката приоритет е да се заврши амбулантата која е во тек, како и преговорите со министерствата за труд и социјална политика и министерството за здравство за размена на два објекти кои ги користат. Проблемот со поликлиниката е што немаше предвидено локација за нејзина изградба, односно се планираше на место на постоечката амбуланта, па сега се отвори нов ДУП во кој се вцртува нова парцела за изградба.
Околу парното греење изготвено е техничко решение од страна на новото раководство на градскотото претпријатие, добиени се сите лиценци, на совет е постапката, во завршна фаза е. Интересно е дека дел од парцелата предвидена за Противпожарна станица од претходното раководство е продадено на лицитација од Министерството за трансорт, а преку Општината, во однос на реката Серава изградени се 200 метри од користото, исчистени 1.000 метри од коритото и зашштитниот појас.Имаме 250 проекти за кои граѓаните мора да слушнат, рече Смилевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com