13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Слушнете ја Зи Зи на роденденскиот концерт на Филхармонија

Најчитани вести

Имагинативна и возбудлива, кинеската пијанистка Зи Зи, една од најуникатните појави меѓу новата генерација пијанисти ќе настапи во четврток (21 ноември) во Филхармонија. На роденденскиот концерт на Филхармонија таа ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар од Јоханес Брамс.

Критичарите ја опишуваат оваа пијанистка како „полна со ентузијазам, гламур, младешка енергија“, а за нејзините изведувачки капацитети велат дека „може да ги пренесе слушателите во друга реалност“. Критичарите не ги штедат зборовите и за нејзината креативна зрелост, пишуваат дека таа во своите изведби е „моќна, страстна, полна со чист артизам“.

Концертот симболично насловен „Среќен роденден“ со кој Филхармонија одбележува 75 години од основањето ќе го води маестро Борјан Цанев, а на програмата се и „Фантазија корале“ од Томислав Зографски и варијациите „Среќен роденден“ од Филип Иванов.

Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетара на Филхармонијата, да се резервираат на тел: 02 / 3238 182, да се купат онлајн на нашата веб-страна www. filharmonija.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com