20 C
Skopje
Friday, February 26, 2021

Случај ТНТ: Адвокатот на знае македонски, a oбвинетата потпишала полномошно кое не го разбира оти “ми верува”…

Најчитани вести

По откажувањето на полномоштвото на адвокатот Димитар Дангов на обвинетата Елизабета Најдовска во случајот „ТНТ“ за одмаздничкото уривање на „Космос“ на 6 ноември, што се случува на самиот крај на ова судење, новиот адвокат Мерџан Даути, кој тврди дека не знае македонски, побарал увид во предметот, но не го направил тоа. Во „ТНТ“ првообвинет е азилантот во Унгарија Никола Груевски, пишува СДК.

Судијата Огнен Ставрев му даде рок од три дена за увид на Даути и тој дошол во Основниот суд Скопје 1. Кога му бил даден на увид предметот „ТНТ“, според извори од судот, тој рекол: „Па овде нема ништо на албански јазик“. Можел да побара судски преведувач, но не го направил тоа и си заминал.

Нејасно е како Даути добил адвокатска лиценца и како положил правосуден испит на македонски јазик.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести