17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Случај на мајмунска сипаница е регистриран и во Канада

Најчитани вести

Канадската државна здравствена агенција во четвртокот потврди два случаи на инфекција со мајмунска сипаница, откако властите на провинцијата Квебек објавија дека истражуваат 17 сомнителни случаи.

Неколку земји, вклучувајќи ги Португалија, Велика Британија и Шпанија, неодамна пријавија случаи на мајмунски сипаници, додека во средата во Масачусетс беше потврдено дека маж кој неодамна отпатувал во Квебек, Канада, се заразил со вирусот, објави Ројтерс.

Провинцијата Квебек беше информирана дека два примероци тестирани во Националната микробиолошка лабораторија се позитивни на мајмунски сипаници.

Ова се првите два потврдени случаи во Канада.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com