2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Случај „Дурмо турс“, возачот-сведок се премисли, во автобусот немало апарат за лажирање на брзината

Најчитани вести

Возач кој до пред четири месеци работел во „Дурмо Турс“, денеска како сведок за несреќата кај Ласкарци, фатен во лага. Бесник Халили пред  само неколку месеци пред обвинител тврдел дека во автобусот со кој се случи кобната незгода имало копче со кое се изигрувал тахографот за да не бележи дека возилото се движи побрзо од дозволеното. Денеска во судница со комплетно различна приказна –  не се сеќавал дека имало таков уред. Обвинителот му прочита што изјавил претходно. Халили се бранеше дека не кажал така, иако ставил потпис на записникот.

„Ова што го кажувате не е точно. Ова не се мои зборови. Се што прочитавте не е точно“

Откако Халили изненади со промената на исказот, обвинителот посочи

дека пред полицајци, сведокот контактирал со второ обвинетиот Ремзи Мифтари. Му појасни дека тоа не е дозволено. Халили на прашање на Алсат избегна да каже дали под притисок го сменил исказот и зошто денеска не се сеќава  на својата изјава оти во автобусот имало уред кој крие со која брзина се движело возилото.

За автобуската несреќа кај Лаксарци обвинети се сопственикот на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули, Ремзи Мифтари одговорен за транспорт во фирмата, возачот на автобусот тој ден, Маноил Трифуновски и уште три лица. На 13 февруари годинава во кобната сообраќајна незгода загинаа 16 патници, додека 37 беа тешко повредени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com