4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Случаи на убиства на жени ја тресат Британија. Последната жртва е млада наставничка

Најчитани вести

Сабина Неса (28) е убиена додека одела од својот стан до близок паб во Лондон, каде што требало да се сретне со пријател, соопшти лондонската полиција во четвртокот.

Убиството се случува само шест месеци откако беше убиена Сара Еверард, исто така во Лондон.

Уапсен е 38-годишен маж за кој полицијата верува дека ја убил наставничката Сабина Неса.

Истражителите веруваат дека Неса го напуштила својот стан на Астел Роуд во Гринич и отишла низ паркот Катор, кон барот Депо на плоштадот Пеглер во селото Кидбрук, каде што била нападната.

Полицијата објави дека нејзиното тело е пронајдено во близина на центарот на заедницата Уан спејс на улицата Кидбрук парк роад.

„Сабина никогаш не стигна до пабот и се верува дека е убиена додека се движела низ паркот“, нагласи полицијата.

Убиството се случи кратко откако лондонскиот градоначалник Садик Кан порача дека насилството врз жените стана национална „епидемија“.

„Имаме епидемија кога станува збор за насилство врз жени и девојки. Мислам дека ние мажите треба да бидеме сојузници во справувањето со ова прашање“, рече Кан.

Убиството на Еверард, 33-годишна маркетинг директорка, убиена претходно оваа година, привлече големо внимание во британската јавност и протести за правата на жените.

Откако Еверард се сметаше за исчезната со денови, нејзиното тело беше пронајдено, а полицаец од Лондон беше обвинет за нејзино киднапирање и убиство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com