20.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Словенците добиваат потврди за вакцинација, еве колку чинат

Најчитани вести

За лицата кои прележале ковид-19 или добиле две дози од вакцината против таа болест во Словенија се смета дека се имуни и дека не им треба негативен тест ако на пример одат на скијање во земјата, ама потврди за имунитет кои ги издаваат лекарите за сега не важат во странство.

И владата на јанез Јанша, како и некои други, покажала интерес за идејата за стандардизирана потврда за имунитет која би се користела за патувања во странство.

Идејата за таков документ е многу добра, ама до нејзина реализација патот е долг – изјавил за словенечките медиуми Андреј Штер од словенското министерство за надворешни работи. Тој предупредува дека најпрво треба да се дефинира форматот на таквата потврда и да се обезбеди нејзината кредибилност.

– Лично сметам дека воведувањето на дополнителе документ кој би овозможил патувања едвај е веројатен – вели Штер, кој повеќе надеж полага во билатералните или регионалните договори во рамките на кои таквите потврди за имунизација би ги признавале меѓусебно најмалку две или повеќе држави.

Потврдите за вакцинација или за прележана болест ги издаваат семејните лекари, и чинат 15 евра иако некои таа услуга не ја наплаќаат, а интересот е голем, некои лекари дневно добиваат и десетици такви барања.

Поради туризмот и големиот број на Словенци кои во Хрватска имаат недвижности до кои поради епидемијата не можат да дојдат, словенечките медиуми со голем интерес следат каков став за иницијативата на некои држави за воведување на ковид пасоши ќе заземе хрватската влада.

Сите патници кои доаѓаат во Словенија, а кои прележале ковид-19 во изминатите шест месеци или се вакцинирани со две дози, од минатата сабота не треба да се тестираат, односно можат да влезат без карантин, ако покажат лекарска потврда.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com