9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Словенија ја суспендираше вакцината на Џонсон и Џонсон по смртта на 20 годишна жена

Најчитани вести

Властите во Словенија соопштија дека привремено прекинуваат со давање на вакцината на Џонсон и Џонсон, откако почна 20-годишна жена од крварење во мозокот и згрутчување на крвта, само неколку дена откако била вакцинирана.

„Министерството за здравство го повика Институтот за јавно здравје привремено да ги прекине вакцинирањето со вакцината, додека не се расчистат сите детали поврзани со овој случај“, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Јанез Поклукар.

Сепак, „придобивките продолжуваат да ги надминуваат ризиците“, додаде министерот.

Медиумите објавија дека жената била хоспитализирана на 27 септември во тешка состојба, само неколку дена откако била вакцинирана со Џонсон и ЦОнсон вакцина.
Во Словенија со вакцината на Џонсон и Џонсон се вакцинирани 120 илјади луѓе.

Популарноста на оваа вакцина, која се дава само во една доза, се зголеми во последните недели во земјата, откако властите воведоа ковид картички, односно пропусници само за вакцинираните.

Владата одобри купување на дополнителни 100 илјади дози од вакцината на Џонсон и Џонсон од Унгарија како одговор на зголемената побарувачка.

Словенија има околу 2 милиони жители, а целосно се вакцинирани речиси 48 проценти од населението, што е пониско отколку во многу други држави на ЕУ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com