14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Словенија се подготвува за масовна имунизација во март и покрај недостигот на вакцини

Најчитани вести

Словенија ќе овозможи масовна вакцинација против Kовид-19 во март, изјави денеска во Љубљана, координаторот на Владата за вакцинација, Јелко Кацин и најави дека утре пристигнуваат уште 24.000 дози од вакцината на „Астра зенека“.

Тој изјави дека Словенија има уште 15.000 дози во резерва и дека покрај утрешната испорака, очекува уште 40.000 дози на почетокот на следната недела.

„Ние сме организирани така што можеме да вакцинираме 500.000 до 600.000 луѓе месечно, што значи околу 30.000 секој работен ден“, рече Кацин.

Сепак, Хина објави дека, поради недостаток на вакцини, околу 240.000 граѓани ќе можат да се имунизираат во март.

Следната недела, според владиниот план, наставниците и воспитувачите во училиштата и градинките ќе бидат вакцинирани, што е приоритет со оглед на претстојното отворање на средните училишта.

Кацин оцени дека вакцината на „Астра зенека“, која ќе пристигне во поголеми количини, е многу ефикасна и безбедна и дека граѓаните се заштитени од болеста девет месеци по примањето на втората доза.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com