12.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Словенија се движи кон „зелена фаза“ во битката со епидемијата од коронавирусот

Најчитани вести

Од денеска Словенија не ја продолжува состојбата на епидемијата на коронавирусот, ваква одлука донесе словенечката Влада, но со напомена дека епидемиолошки мерки сепак ќе останат на сила.

Носењето марки во затворени објекти, ќе биде мерка која ќе важи се додека Словенија не влезе во т.н. „зелена фаза“според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ЕЦДЦ), а епидемиолозите очекуваат дека тоа може да се случи кон крајот на јуни или во почетокот на јули годинава.

Иако земјата не ја продолжува епидемиолошката состојба, освен носењето маска во затворено, и понатаму ќе биде ограничен бројот на луѓе во затворени објекти, а за да можат да присуствуваат на концерти или други културни настани и понатаму ќе им биде потребен негативен тест за Ковид-19, тест за анти-тела или доказ дека се вакцинирани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com