14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Словенија: Секој полнолетен граѓанин ќe добиe 100 евра

Најчитани вести

Во Словенија, заради подобрата епидемиолошка состојба, работата на сите продавници и обезбедувањето услужни активности ќе биде повторно дозволена во понеделник, со тоа што работата на ноќните клубови и дискотеките е ограничена до полноќ, соопшти денеска словенечката влада.

Останува обврската дека само гости кои биле вакцинирани, заболеле од ковид или биле претходно тестирани и се негативни за коронавирус, можат да учествуваат во поголеми настани, а истиот услов е за сите надворешни собири на повеќе од сто лица, пренесува Хина

Покрај тоа, денеска по седницата, владата објави дека го одобри предлог-законот за помош на економијата и туризмот, „тешки“ 243,5 милиони евра и вклучува, меѓу другото, дистрибуција на нови бесплатни ваучери што можат да се потрошат на угостителство, туризам, спортски и културни настани.

Сите возрасни жители ќе добијат ваучер вреден 100 евра, а младите на возраст од 18 години ваучер вреден 50 евра.

Во Словенија, само 83 случаи на коронавирус се потврдени во последните 24 часа и никој од заразените со ковид-19 не починал, првпат во последните седум месеци.Земјата во вторникот прогласи крај на епидемијата „ковида-19“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести