7 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Словенија и Италија ја зајакнуваат полициската соработка

Најчитани вести

Словенечката и италијанската полиција дополнително ќе ја подобрат соработката во борбата против нелегалната миграција, а бројот на заеднички полициски патроли што започнаа со работа на 1 јули дополнително ќе се зголеми од четири на осум, соопшти словенечката генерална полициска управа.

Тримесечно пробен период почна во јули, за време на кој заеднички патроли на двете полициски сили патролираа на границата за да спречат илегална миграција, пренесува СТА.

Кога беше оценето дека таквата соработка е ефикасна во управувањето со миграцијата, раководствата на погранични полициски служби од двете земји се согласија да ја прошират и зајакнат.

Исто така, е договорено полициите на двете држави да разменат информации со цел подобро планирање на заедничкото надгледување на границата од обете страни.

Помеѓу јули и септември, повеќе од 1.900 странци беа фатени како илегално ја преминуваат границата помеѓу Италија и Словенија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести