12.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Словенија започна да користи експериментален лек за тешко болни од коронавирус

Најчитани вести

Како дел од договорот со Европската унија, Словенија доби 1 000 дози експериментален лек развиен од американската компанија „Регенерон“, пренесуваат словенечките медиуми.
Лекот се дава на пациенти со тешки симптоми во раните фази на заразата со коронавирусот

Словенија започна да користи третман со моноклонални антитела на некои пациенти заразени со ковид-19, објави Министерството за здравство.

Како дел од договорот со Европската унија, Словенија доби 1 000 дози експериментален лек развиен од американската компанија „Регенерон“, пренесуваат словенечките медиуми.

Лекот се дава на пациенти со тешки симптоми во раните фази на коронавирусот.

Во почетокот на јули, Словенија изрази интерес за набавка на 1 000 дози на лекот со моноклонални антитела „Сотромиваб“, произведени од британската фармацевтска компанија ГСК.

Минатата недела директорот на тамошниот Институт за јавно здравје излезе со песимистички прогнози дека Словенија оваа зима ќе се соочи со „катастрофална“ здравствена состојба со сегашниот развој на епидемијата, доколку стапката на вакцинација не се зголеми.

Досега, 40,7 проценти од вкупното население е целосно вакцинирано, соопшти Владата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com