21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Словенија ги ублажува мерките, до 100 луѓе ќе можат да се соберат на едно место

Најчитани вести

Словенија полека ги олеснува мерките, па од денес е во сила одлуката на владата дека можат да се соберат до 100 лица на отворено, а исто така луето ќе може да седат на терасите од кафулињата и рестораните во повеќето делови на земјата за прв пат по шест месеци, објави агенцијата СТА.

Собирање до 100 луѓе исто така ќе биде можно на организирани собири во затворено, но ќе треба да се следат препораките за безбедност.

За време на отворени собири, граѓаните ќе мораат да држат растојание од 1,5 метар, а едно лице ќе застане на простор од 10 квадратни метри. Ако се следат овие мерки, маските не се потребни.

Маските сепак ќе бидат задолжителни на собири во затворени простории, но едно лице ќе мора да има простор од 30 квадратни метри таму.

Објектите ќе можат да им служат на гостите на отворено помеѓу 7:00 и 19:00 часот, а вработените ќе треба да се тестираат еднаш неделно.

Масите ќе треба да бидат одделени најмалку три метри едни од други, а максимум четири лица ќе можат да седат на една маса.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести