28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Словенечки министер вратен од хрватската граница

Најчитани вести

Хрватската полиција на границата со Словенија ги вратила во понеделникот словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс и неговата мајка, јавува Индекс.

Хојс и неговата мајка се обиделе да ја преминат границата на еден од граничните премини во Истра, но не ги исполнувале условите за влез на странци во Хрватска.

Како што навеле граничарите, „Словенија не најавила доаѓање на ниеден министер“. Додаваат дека хрватската полиција не прецизирала дали Хојс границата се обидел да ја помине со дипломатски пасош.

Мајката на Хојс наводно има недвижност во Хрватска, па словенечкиот министер би можел да има проблеми и поради кршењето на словенечките прописи на ограничување на движењето во регионот. Граѓаните на Словенија можат да се движат од една земја во друга, само ако се сопственици на недвижност во соседна држава.

Хојс потврди дека бил вратен од граница во својство на обичен граѓанин и додаде дека не го покажал дипломатскиот пасош. Тврди и дека сакал да провери дали хрватската гранична полиција ги контролира причините за преминување на границата.

Хрватското министерство за внатрешни работи соопшти дека „полициската управа во понеделникот, 8 февруари 2021 година, немала најавено доаѓање на граничен премин на ниеден министер на Република Словенија“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести