26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Словенечки инфектолог: Време е за заострување, а не за олеснување на мерките

Најчитани вести

Словенечкиот инфектолог Андреј Трампуж, кој работи на клиниката Шарите во Берлин, во интервју за Словенечката телевизија рече дека поради опасност од ширење на нови соеви на коронавирусот, време е да се интензивираат, а не да се попуштаат епидемиолошките мерки.

Во прилог поврзан со појавата на јужноафриканската варијанта на новиот коронавирус во австриски Тирол, тој за РТВ Словенија доцна синоќа изјави дека таа е опасна затоа што некои сегашни вакцини нема да бидат ефикасни против тој сој.

„Се надевам дека мерките ќе бидат заострени и во Словенија, бидејќи новите соеви на коронавирусот брзо ќе се прошират“, рече тој, додавајќи дека политичарите не треба да даваат лажни надежи дека сегашниот пад на бројот на новозаразени е доволна причина за укинување на некои ограничувања.

„Колку побрзо го кажеме тоа, толку подобро“, рече Трампуж, додавајќи дека вакцината на „АстраЗенека“ најверојатно нема да обезбеди доволна заштита од појавата на нови соеви, што може да предизвика трет бран на епидемијата, доколку не се дејствува правилно.

Тој додаде дека евентуалниот нов бран може особено да ја погоди помладата популација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести