17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Словенечкиот Парламент ќе гласа за доверба на владата на Јанша

Најчитани вести

Парламентот на Словенија денеска ќе гласа за доверба на Владата на премиерот Јанез Јанша.

Опозицијата ја обвинува Владата дека не ги почитува основните принципи на Уставот на земјата, вклучително и поделба на власта и слобода на печатот, како и за загрозување на остварувањето на човековите слободи и владеењето на правото во земјата.

Според локалните медиуми, се очекува опозицијата да не го собере потребното мнозинство за отповикување на владата на Јанша, но гласањето ќе ја покаже вистинската моќ и на опозицијата и на владејачката коалиција и ќе стави крај на конфликтите на политичката сцена кои траат со недели.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести