Делегација на Министерството за внатрешни работи на Словенија предводена од министерот Алеш Хојс денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.
Официјалниот пречек на словенечкиот министер Хојс, од неговиот домаќин Оливер Спасовски, ќе се одржи во кругот на Министерството за внатрешни работи, по што ќе следи работен состанок на делегациите на двете министерства, најави МВР.
По работната средба, делегациите ќе заминат во Клубот на пратеници, каде министрите за внатрешни работи Спасовски и Хојс ќе потпишат имплементациски договор помеѓу владите на двете земји за борба против трговија со луѓе, по што ќе следуваат и изјави за медиумите.