17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Слика на Гоген продадена за 9,5 милиони евра

Најчитани вести

Сликата на францускиот постимпресионист Пол Гоген од периодот кога бил инспириран од егзотичниот свет на Тахити беше продадена вчера за 9,5 милиони евра на аукција во Париз.

Сликата „Te Bourao II“, која претставува поток со птици и цвеќиња во богата палета на сина и зелена боја, е насликана во 1897 година кога Гоген живеел на Тахити.

Сликата е единствено дело на Гоген кое било во приватна сопственост и е една од серијата на девет слики кои уметникот ги нацртал додека работел на многу поголем проект подоцна насловен „Од каде доаѓаме? Кои сме? Каде одиме?“.

Роден во Париз во 1848 година, Гоген бил влијателен во симболистичкото движење како сликар, скулптор и керамичар, а станал познат по неговата смрт во 1903 година.

Неговата работа извршила влијание врз уметници како Пабло Пикасо и Анри Матис.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com