7.3 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Следното рочиште за „Таргет Тврдина“ ќе се одржи во вторник

Најчитани вести

На следното рочиште за случајот „Таргет – Тврдина“ кое ќе се одржи во вторник ќе бидат презентирани дополнителни докази од страна на одбраната кои произлегуваат од главната расправа. Покрај тоа, на наредното рочиште ќе се изнесе и вештачењето на вештакот Ѕвонко Кочовски кој се однесува на вредноста на системот за следење на комуникации на денот на уништувањето. Имено, на денешното рочиште и обвинителството и одбраната предложија докази кои произлегуваат од главната расправа, а судот ги прифати. Обвинителството во текот на расправата ги изнесе материјалните докази кои според наведеното се материјали кои УБК ги има предадено на судот, но не и на Специјалното јавно обвинителство. Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести