17.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Следните паметни часовници на Samsung и Apple ќе го мерат нивото на шеќер во крвта

Најчитани вести

По имплементирањето на нивото на кислород во крвта, ECG и мерењето на крвниот притисок на своите паметни часовници, Apple и Samsung наводно планираат да додадат уште една импресивна карактеристика на своите претстојни модели – мерење на нивото на шеќер во крвта (или гликоза).

Според информациите на ETNews, претстојниот паметен часовник на Samsung (условно наречен Galaxy Watch 4) ќе имплементира неинвазивна технологија за мерење на нивото на шеќерот во крвта. Компанијата ќе се потпре на оптички сензор за мерење.

Samsung нема да биде единствениот што ќе ја нуди оваа корисна технологија во своите носечки уреди. Наводно и Apple ќе ја користи истата технологија во својот следен паметен часовник (Apple Watch Series 7). Apple моментно ја тестира точноста и ефикасноста на мерењето на гликозата во крвта преку паметниот часовник.

Оваа технологија веќе ја видовме порано, во текот на CES 2014 саемот. Јапонската компанија Quantum Operation прикажа уред за кој се тврди дека е првиот светски неинвазивен монитор, способен за константно мерење на нивоата на гликоза, кога се носи околу зглобот.

Иако технологијата е многу ветувачка и би можела да прретставува додаток за паметните часовници што спасува животи, Samsung и Apple најпрвин за технологијата ќе мораат да добијат одобрување од регулаторните тела во регионите каде што планираат да ја понудат новата функција на своите паметни часовници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести