7 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Следниот самит на Г7 ќе биде организиран на имотот на Трамп на Флорида

Најчитани вести

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба да биде домаќин на следниот самит на Г7, а како локација го предложи одморалиштето со голф терени, што го поседува во Мајами.

Во Бијариц Трамп изјави дека неговото одморалиште на Флорида би „било совршениот избор”, што заради својата големина, што заради фактот дека е одалечено пет минути со автомобил од аеродромот во Мајами, пренесоа британските медиуми.

-Им се допаѓа локацијата на хотелот, исто така им се допаѓа и тоа што е многу блиску до аеродромот. И се наоѓа во Мајами, така што тоа е одлично подрачје, рече Трамп.

Американскиот претседател кажа дека се уште не е донесена конечната одлука, но дека локацијата што тој ја понудил е далеку најдобра.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести