23.8 C
Skopje
Saturday, June 25, 2022

Следниот викенд MAGDA 1UP Hyper Jam – 48-часовен маратон во правење игри

Најчитани вести

MAGDA 1UP Hyper Jam e 48 часовен маратон во правење игри којшто ќе се одржи следиот викенд, на 18 и 19 јуни во организација на Македонска асоцијација за правење игри МАГДА. Настанот ќе се одржи во просториите на CrazyLabs во Скопје, а ќе има обезбедено храна и пијалоци за сите учесници. Пријавувањето за настанот е бесплатно и се врши на следниов линк: https://magda.org.mk.

Темите на кои ќе се изработуваат игрите се Hyper Casual Simulation и Hyper Casual Puzzle игри за кои има линкови со примери на Facebook најавата за настанот.

Паричните награди ќе се движат од 300, 400 и 500 евра. А исто така ќе има и награда која е екслузивен договор со CrazyLabs за „прототипирање и тестирање на вашата игра како и пристап до нивниот Click дашборд“.

Ќе има и предавање од Наум Михајловски од македонското студио за игри “Furious Avocado”, македонска фирма која го направи светскиот хит игра “Tie Dye” чии издавачи се CrazyLabs. “Tie Dye” e хит игра кој достигна преку сто милиони симнувања -игра за која повеќе инфо можете да видите во нашите претходени написи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com