-4 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Следната година VW во просек ќе лансира по три нови модели месечно

Најчитани вести

Нема дилема дека групацијата Volkswagen доминира во автомобилската индустрија кога станува збор за продажбата во последните десет години, а плановите на германскиот гигант за следната деценија се трендот да продолжи

Kрајот на 2019 година се ближи, а Volkswagen ја најави стратегијата за 2020 година, која, барем на хартија, е од огромни размери. Следната година компанијата планира да лансира 34 нови модели, што значи во просек скоро три месечно. Од нив, 12 ќе бидат SUV / кросовер модели, додека осум ќе бидат чисто електрични или хибридни автомобили.

Главната поддршка за лансирање на толку голем број нови модели првенствено се рефлектира во технолошкиот напредок. Volkswagen се обврза да инвестира 19 милијарди евра до 2024 година, од кои 11 милијарди евра се поврзани со т.н. „е-мобилност“.

Volkswagen очигледно влегува во нова ера, најавувајќи ја најголемата електрична офанзива во автомобилската индустрија. ID.3 во продажба влегува следната пролет, а наскоро доаѓа и најавениот електричен SUV.

За да се справи со зголемената побарувачка и побарувања кога станува збор за високата технологија и дигитална поврзаност, Volkswagen формираше нова Car.Sofware дивизија, која со работа ќе започне на 1 јануари. Германците планираат да го зголемат развојот на софтвер внатре во компанијата на 60 проценти до 2025 година, од сегашните 10.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести