16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

СЛАВНИ БЕЗ ДИПЛОМА: Немаат завршено средно училиште, а имаат милиони на сметките

Најчитани вести

Светските лица често истакнуваат дека образованието е многу важно и ги охрабруваат младите да одат на училиште. Но меѓу нив има и такви кои не сакаа да ја ‘загреваат клупата’ па затоа се откажаа од училиште заради својата кариера. Иако денес имаат вртоглави бројки на сметките во банка, овие sвезди не завршиле ниту средно училиште.

Деми Мур

Тешкиот живот на актерката Деми Мур остави последици врз нејзиното образование. Нејзината мајка отсекогаш била проблематична и склона кон алкохол, а нејзиниот очув се самоубил поради сиромаштија. Сиромаштијата и тешката семејна ситуација ја натераа да го напушти средното училиште на 16-годишна возраст и да влезе во светот на шоу-бизнисот.

Џенифер Лоренс

Актерката Џенифер Лоренс отелотвори многу ликови во десетици филмови заради што нејзината банкарска сметка брои повеќе нули. Исто така, преку својата работа се здоби со големо знаење и искуство, а истовремено го оствари и својот најголем сон – да биде позната актерка. Токму заради желба за професионална глума, Џенифер го напушти средното училиште. „Тешко ми беше на училиште. Никогаш не се чувствував особено паметно. Технички, немам завршено средно училиште или имам диплома ’, призна еднаш актерката.

Идрис Елба

Британскиот актер и диџеј, 48-годишниот Идрис Елба, кој магазинот „People“ го прогласи за најсекси маж на светот пред две години, не може да се пофали со ласкава титула кога станува збор за образованието. Иако е најпознат по своите актерски улоги, Идрис ја започна својата музичка кариера како четиринаесетгодишник на свадби и многу брзо го напушти училиштето за да може да ѝ се посвети на сопствената диџејска работа.

idris elba

Никол Кидман

Актерката Никол Кидман се здоби со успех благодарение на улогата во филмот ‘Skin Deep’ кога имаше 16 години. После тоа и се отворија многу можности и дури го освои престижниот Оскар за најдобра главна улога за улогата во филмот „The Hours“. Откако ја започна својата актерска кариера уште во 1983 година, Никол одлучи да го напушти училиштето за да продолжи со кариера.

Nicole Kidman

Даниел Редклиф

Британскиот актер Даниел Редклиф во јавноста е запаметен по улогата на волшебникот Хари Потер, кој беше одличен ученик на училиштето за волшебство и магија во Хогвортс. Но, во реалниот живот, Даниел дури и не заврши средно училиште и никогаш не жалеше што го напушти училиштето заради својата кариера. „Јас сум прилично сигурен во својата интелигенција и ако останев на училиште, професорите ќе ми ја уништеа самодовербата, која ја вратив само кога се најдов на филмскиот сет“, изјави Даниел за странските медиуми.

Ал Пачино

Еден од најплатените и најпопуларните актери, легендарниот Ал Пачино го напушти средното училиште во второ одделение во средно училиште. Сиромаштијата го принуди да го напушти училиштето и да најде работа. „Не бев добар на училиште, не слушав предавања внимателно или не бев сконцентриран. Мајка ми имаше проблеми, а ние немавме пари. Тогаш решив дека треба да направам нешто “, изјави славниот актер.

Al Pacino

Сајмон Кауел

Британскиот продуцент Сајмон Кауел го напушти средното училиште на само 16 години, а во интервјуата често истакнува дека тоа било неговата најдобра животна одлука „Остави го училиштето на 16 години ако си спремен да работиш. Не знам зошто мора да се измачува некој и да биде принуден да биде некаде, ако во исто време можат да излезат во светот и да разберат што е вистински живот и како да се стане независен “, призна Симон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести