13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

СЛАВНИШерцингер во нова љубовна врска – има нов дечко

Најчитани вести

Една од најпознатите и најатрактивните светски пејачки, жешката Никол Шерцингер повторно е во љубовна врска за која светот дозна откако медиумите објавија дека таа има ново момче.

Според светските медиуми мегапопуларната Никол е во врска со седум години помладиот рагбист Том ЕвансНикол и Том повеќе пати во Лондон се „уловени“ од папараците на романтична вечера.

„Том долго беше воодушевен од Никол, па кога му се даде можност да ја запознае веднаш ја зграпчи таа шанса. Веднаш ја повика на вечера, а симпатијата меѓу нив двајца беше забележлива уште на првата средба, изјавил за медиумите анонимен извор близок до Том.

Никол и Том инаку се познати по својот бурен љубовен живот. Атрактивната пејачка долго време е во врска со спортисти, неколку години се забавуваше со светскиот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон, а потоа и со младиот бугарски тенисер Григор Димитров.

Том пак пред неколку години се забавувал со британската манекенка и актерка Кели Брук. Двојката дури и очекувала дете, но Кели доживеала спонтан абортус и многу брзо потоа било соопштено дека Кели и Том се разделиле.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести