Раперот 50 Cent е обвинет за кривично дело напад откако фрли микрофон во публиката на неговиот последен концерт.
Имено, за време на неговиот настап на Crypto.com во Лос Анџелес оваа среда, организаторите и техничарите му дадоа на раперот неколку микрофони кои не работеа воопшто или не функционираа како што треба, а на популарниот 50 Cent набрзо му здодеа и реши да го фрли микрофонот во публиката, пишува Page Six.
Иако на видеото не се гледа точно каде паднал микрофонот, водителка на радиото Power 106, Брајана Монегејн вели дека ја удрил во челото и ја нанел повреда. На фотографиите до кои дојде ТМЗ, се чини дека лекарите морале да и ја сошијат раната и да ја преврзат.
Во меѓувреме, извор поврзан со раперот изјави за TMZ дека Монегејн не требало да биде во забранетата зона, иако не е јасно како тоа ја оправдува неговата одлука да го фрли микрофонот во толпата.
Монегејн набрзо по концертот поднела и пријава, а 48-годишниот 50 Сент е обвинет за кривично дело нанесување физичка повреда.