Белгискиот глумец Џони Галецки, познат како Леонард од серијата „Теоријата на Големиот тресок“, доби син со неговата 23 години помлада девојка Ален Мејер.
-Со полни срца го дочекавме нашиот прекрасен син. Фала ви на сите за подарената љубов и поддршка, напиша Галецки на социјалните мрежи.
Галецки објави фотографија од раката на синот и девојката Ален.
Глумецот на почетокот на бременоста призна дека сака да добие девојче, а веста за приновата ја објавија на почетокот на мај годинава.
Галецки е роден во Белија, а во септември минатата година објави дека е во врска со Ален. Глумецот претходно беше во врска со колешката Кејли Гуоцо, позната како Пени од „Теоријата на Големиот тресок“.
Светскиот економски магазин „Форбс“ процени дека Галецки е втор најплатен телевизиски глумец во 2018 година, со добивка од 25 милиони долари.