29.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Славниот актер го отворил срцето во интервју за „GQ“: „Отсекогаш сум се чувствувал многу осамено“

Најчитани вести

Јулската/августовска насловна страница на магазинот „GQ“ овојпат ја краси Бред Пит, а холивудскиот актер во искрено, емотивно интервју ѝ дал увид на јавноста во некои од своите најинтимни чувства, што е вистински раритет.

Имено, во текот на својата кариера долга повеќе од 3 децении, Пит ретко кога бил отворен, па неговата подготвеност да признае како се чувствува е вистинско изненадување.

Прославениот 58-годишен актер успеал по болниот развод од Анџелина Џоли во 2016 година повторно да пронајде позитивност, но од друга страна е уверен дека секој човек во некој момент од животот чувствува страшна болка во срцето.

Пит за „GQ“ истакнал дека емоционалните превирања и длабока тага се неизбежен дел од растењето.

„Мислам дека на сите нѝ се скршени срцата. Во животот отсекогаш сум се чувствувал многу осамено, бев осамен како дете, осамен сум и сега, овде и навистина се до неодамна не можев да почувствувам прифаќање од семејството и пријателите“, вели тој.

„Како беше она, дали беше цитат на Рилке или Ајнштајн, верувале или не, кога можете да живеете со парадоксот, кога истовремено чувствувате и тешка болка и вистинско уживање, тоа е зрелост, тоа е раст“, додава Пит.

И покрај тоа што во него преовладувало чувство на изолација, признал и дека ја пронашол својата заедница и пријателите кога одлучил да се откаже од алкохолот во 2016 година. Веднаш по разводот, Бред 18 месеци редовно посетувал состаноци на Анонимни алкохоличари, додека ги прифаќал основните принципи на групата да се воздржува од сите супстанции кои влијаат на умот.

„Имав многу кул група на мажи која беше навистина приватна и одбрана, така што беше безбедно“, прокоментирал актерот.

Бред признал и дека отсекогаш имал чувство дека наскоро му претстои пропаст, како и дека често го мачел еден ист сон кој се повторувал, а во кој е брутално избоден.

„Во солидни 4 или 5 години, сонот кој преовладуваше беше како некој скокнува и ме избодува. Се будев во страв. Не разбирав зошто би сакале да ме повредат. Тоа престана пред 1, 2 години кога започнав да се враќам во тој сон и едноставно да прашувам: „Зошто?““, открил Бред.

Актерот во интервјуто најавил и крај на кариерата, истакнувајќи дека улогите за кои моментално добива понуди не ги задоволуваат неговите критериуми:

„Сметам дека сум во последниот семестар или тримесечје“, заклучува Пит.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com