Македонскиот борец Горјан Славески е светски шампион во велтер категорија во БКФЦ шампионатот или во борбите без ракавици. Тој утринава во главната борба на турнирот во Мајами го совлада Џејк Линдзи со едногласна одлука на судиите.
Славески уште еднаш ја покажа својата желба за победа, издржливост и талент во борбата со искусниот Линдзи. Македонецот заслужено беше прогласен за победник откако очигледно доби три од петте рунди.