20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Скопје ја одбележува 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес

Најчитани вести

Денеска се одбележуват 56 години од земјотресот кој го разурна Скопје, а во кој загинаа околу илјада жители на градот. 26 јули 1963 година е врежан во колективната меморија за Скопје како еден од најтешките моменти во неговата историја и постоење.

Одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес ќе започне со положување цвеќиња во 10 часот на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел.

Во 19.30 часот, на Школка во Градски парк, концерт ќе одржи Градскиот мешан хор „Вардар“, а потоа ќе следуваат Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и Влатко Стефановски.

Дополнително, градските институции секоја година се вклучуваат во одбележувањето на 26 јули. Така, МКЦ го подготвува настанот „МКЦ за Скопје“со целодневна програма. Покрај двете креативни работилници за деца коишто ќе започнат во 18:30 часот за креативно пишување, илустрација и цртање и богатата музичка програма. Посетителите точно на полноќ ќе имаат можност да ја погледнат и проекцијата на најновото остварување на Раде Шербеџија „Ослободување на Скопје“.

Во Музејот на Град Скопје во тек е изложбата на фрескокопии од Скопскиот регион.

Утревечер во 19 часот во Градскиот парк на Школка ќе се одржи и работилница за деца „Обој го Скопје“, инспирирана од боенката „Скопје 091“.

Земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала се случи во 5:17 часот. Загинаа од 1.000 до 1.100 жители, а најмалку 3.000 лица биле повредени. Без дом останаа 200.000 луѓе. Земјотресот од 1963 е една од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com