-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Скопје повторно во топ 10 најзагадени градови во светот

Најчитани вести

Скопје во друштво на Сараево и Белград на листата најзагадени градови во светот. Синоќа тешко се дишеше во повеќе скопски општини, но и во Куманово и други градови. Највисока концентрација на штетните Пм честички имаше во Аеродром, Центар, Карпош и Ѓорче Перов. Токму жители на Ѓорче денерска на протест побараа да престане да се користи депонијата лоцирана во населбата Ново Село бидејќи многу често го палеле ѓубрето, а чадот и смрдеата се ширеле низ целата општина.

Од општината Ѓорче Перов велат дека депонијата била отворена во 2007 година и била хаотично регулирана. Затакнале договор за собирање комуналниот отпад со приватна фирма која го носела сметот во Дрисла, но околу 5000 домаќинства немале склучено договори и не се знае каде го фрлаат ѓубврето.

– „Како градоначалник кој во овие две години од мандатот ги решава заостанатите децениски проблеми во Ѓорче Петров, искрено ги поддржувам граѓаните за денешниот протест, бидејќи јас самиот живеам во непосредна близина на депонијата и моите деца растат во исти услови како и нивните деца. Свесни сме за проблемот кој го имаме и го решаваме, но станува збор и за свест. Ги поддржуваме граѓаните кои се во право, но нека се запрашаат оние кои немаат склучено договор каде одлагаат смет“, се вели во писмената изјава на градоначалникот на Општината Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com