15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Скопје, казнети девет пешаци заради непрописно поминување на улица

Најчитани вести

Скопје, 18 декември- Пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло вчера биле казнети од страна на сообраќајна полиција. Како и завчера кога биле казнети десет пешаци заради непрописно поминување на улиците, така и вчера полицијата санкционира нешто поголем број на пешаци од вообичаениот просек во изминативе месеци.

Инаку, четири лица се здобиле со полесни телесни повреди во вкупно 10 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Од СВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, а од сообраќај исклучила едно нерегистрирано возило.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com