На листата на air visual, Скопје денеска е на 11 место по загаденост во светски рамки. Освен Скопје, високо загаден воздух денеска дишат и тетовци, кумановци, битолчани.
Струмица е средно загадена, а во сите други општини полесно се дише. Ова може да се заклучи од податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.