Home » Скопје домаќин на најдобрите европски јуниорски џудисти

Скопје домаќин на најдобрите европски јуниорски џудисти

by Журнал.мк

Македонската џудо федерација (ЏФМ) за прв пат во својата историја од утре до среда во Скопје ќе биде домаќин на Европскиот јуниорски куп во машка и женска конкуренција на кој ќе настапат 234 џудисти од 29 држави.

Натпреварите за пласман и медали, како што соопштија организаторите, ќе се одржат претстојниот викенд во Спортскиот центар „Јане Сандански“, а Европскиот џудо куп ќе продолжи до среда со јуниорски камп.

„Овој Европски куп за прв пат се одржува во Скопје и искрено се надевам дека во следните шест денови ќе бидеме добри домаќини и центар на џудото во Европа“, изјави денеска претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски.

Потпретседателот на ЏФМ, Благоја Гешовски, истакна дека доделувањето на организацијата на Европскиот џудо куп е резултат на долгогодишна спортска дипломатија со поддршка на домашните институции.

Селекторот на јуниорската џудо репрезентација Александар Фузевски најави дека на Европскиот куп ќе настапат вкупно 15 македонски џудисти, од кои деветмина се кадети.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More