27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Скопјанец фатен „на дело“ додека крадел во куќа во Центар

Најчитани вести

Ноќеска во 2 часот на бул.„Партизански одреди“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје. Тој бил затекнат при обид за извршување на „тешка кражба“ во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото.

Кај уапсениот е пронајден предмет кој што потекнува од кривични дела „тешка кражба” пријавени на 27.06.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.06.2022, при што од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com