13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Скопјанец уценувал девојка да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии

Најчитани вести

Скопското обвинителство поднесе обвинениe против 28-годишник за уцена.

Toј во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една девојка да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина.

„На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со девојката во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите обвинетиот бил приведен“, велат од МВР.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи постојат околности кои упатуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести