Скопјанец со автомоби полн со мигранти фатен во Карпош

0

Скопје, 2 декември- Скопјанец е приведен вчера откако во неговиот автомобил биле откриени 12 мигранти од Авганистан.

„Вчера во 12.30 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(37) од Скопје, поради тоа што претходно, во близина на бензинска пумпа на автопатот Табановце – Куманово, Б.И. со патничко моторно возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 12 лица мигранти од Авганистан, а при обид да биде запрен, го напуштил местото на настанот“, информираат од МВР.