Триесетгодишен жител на скопското село Буковиќ, со иницијали Е.А, вчера во полициската станица Ѓорче Петров пријавил инцидент кој се случил на 26 март на автопатот Тетово – Скопје.
Според неговата пријава, по претходно недоразбирање во сообраќајот, пет лица му се заканиле, а двајца од нив имале и огнено оружје.
По преземени мерки од страна на полицијата било утврдено дека станува збор за лицата Ф.Р. (44), А.А. (38), Д.Н. (41), Н.С. (28) и Д.Д. (48), сите од Гостивар и сите вработени во МВР.
За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот.