Home » Скопјанец го продавал возилото преку Фејсбук: Останал без возило и без 40.000 евра

Скопјанец го продавал возилото преку Фејсбук: Останал без возило и без 40.000 евра

by Журнал.мк

На 01.07.2022 во 23.30 часот во полициска станица 21-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен од А.Ц..

-Според пријавеното, на 22.06.2022 на својот фејсбук профил го огласил за продажба возилото „мерцедес “ за сума од 55.000 евра, по што на 24.06.2022 му се јавил А.Ц. и побарал да се сретнат и да се договорат да го купи возилото. Како што е пријавено, по неколку средби се договориле да направат размена и А.Ц. да му доплати уште 40.000 евра, информира МВР.

Исто така, според пријавеното, тие направиле и договор за размена, по што ги размениле возилата, но до пријавувањето на настанот А.Ц се уште не му ги дал парите, а по повеќето телефонски разговори одбил да му го врати и возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More