Скопско лето: Концерт на учесниците на Ана и Олег Кондратенко и проекција на „Море од жито“

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

На „Скопско лето“ вечерва (10.07.2019, среда), ќе се одржи завршен концерт на учесниците на семинарот по виолина на Анна и Олег Кондратенко, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба. Концертот е во соработка со Музичка младина на Македонија, а влезот е слободен.

Повеќе од десет години по ред, почнувајќи од 2009 година Музичка младина на Македонија во континуитет го одржува возобновениот семинар по виолина за повеќе возрасти, под раководство на познатите педагози и концертни музичари Анна и Олег Кондратенко, семинар кој веќе побудува интерес кај младите виолинисти од нашата земја, но и од странство. За резултатите на овој семинар – мајсторска школа зборуваат и мошне квалитетните завршни концерти на кои што настапуваат не само млади музичари – во почетоци на своето музичко образование, туку и веќе оформени и пред крај на своето школување виолинисти, кои ја презентираат македонската култура во земјата и во странство. Бројот и квалитетот на учесниците на овој семинар низ минатите десет години (од земјата и од странство) ги оправда очекувањата како успешен и делотворен.

Оваа сесија на мајсторската виолинистичка школа, до пред неколку години се одржуваше во Охрид, а сега во Скопје. Во неа учествуваат можеби најдобрите млади виолинисти од нашава земја, коишто низ перманентното изучување на нови програми истите ќе ги презентираат не само низ концертот на Скопско лето, туку и понатака на концертите кои ќе следат во сезоната 2019/20 во земјата и во странство.

Исто така, ќе се одржи проекција на филмот „Море од жито“ (MARE DI GRANO) (2018), Италија, со почеток во 21:00 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Билети за проекцијата може да се купат пред самиот почеток на истата, на влез на Сули ан, по цена од 100 денари.

Дистрибутер: KT FILM & MEDIA

семејна драма / траење: 81 минути

режија: Фабрицио Гвардучи

улоги: Орнела Мути, Јохан Шопен, Алесандро Пачи,…

награди: награда на критиката на Тера ди Сиена филмскиот фестивал

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.