15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Сколс и Фердинанд: Рангник не е тренер, Јунајтед под итно мора да најде вистински тренер

Најчитани вести

Манчестер јунајтед, актуелната сезона ќе ја заврши без трофеј, а како сега стојат работите и без пласман во Лигата на шампионите наредната сезона. Елиминацијата од Атлетико Мадрид, во озмина-финалето, тешко им падна на легендите на клубот, Пол Сколс и Рио Фердинанд.

Пол Сколс е еден од најголемите хејтери на менаџерот Ралф Рангник, тој од самиот почеток го критикуваше клубот што се реши да го ангажира Германецот.

„Не мие јасно како го избраа него. Не знам. Важно е овој тим да има вистински тренер. Во овој тим има многу талентирани играчи. За да се бори за трофеи, клубот мора да донесе вистински тренер, кој ќе работи со тимот. Да беше Диего Симеоне тренер на Јунајтед ќе поминевме во наредната фаза. Многу патевме, а ќе патиме уште долго време додека се вратиме онаму каде што сакаме“, рекол Сколс и дополнил.

„Ќе минат две или три години додека Јунајед не стане конкурентен во првенството. Погледнете ги Манчестер сити и Ливерпул. Знаевте дека доаѓаат, знаевте дека ќе се бодат за трофеи. Ние тоа го немаме осум или девет години, уште од сер Алекс Фергусон. Лошо е што нема знак дека работите ќе се подобрат, имам чувство дека се оди во спротивна насока. Мораме да најдеме вистински тренер“, заклучил Сколс.

„Која е разликата помеѓу Јунајтед и Атлетико? Атлетико има играчи кои ќе направат се она што од нив ќе го побара тренерот. Знаат што треба да работат и тоа го прават како тим. Во Јунајтед играчите се гледаат еден со друг и се прашуваат кој од нив ќе изведе некој трик“, рекол Фердинанд.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com