Home » Скендер Реџепи објави фотографија од Заев и Гаши во Струмица

Скендер Реџепи објави фотографија од Заев и Гаши во Струмица

by Журнал.мк

Независниот пратеник Скендер Реџепи објави фотографија од средба на претседателот на Алтернатива Африм Гаши и поранешниот премиер Зоран Заев за која тврди дека се одвивала изминатиот период во Струмица.

„Прашање за 1 милион евра??? Што побара денес Африм Гаши од Зоран Заеви, и зошто мораше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба“, напиша на Реџепи на Фејсбук.

Тој е поранешен сопартиец на Гаши од Алтернатива. Оваа партија повеќе не коалицира со власта, откако СДСМ и ДУИ одлучија на нивно место да биде поканета Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk