Home » Скендер Реџепи за заминување од партијата: Тешка неизбежна одлука

Скендер Реџепи за заминување од партијата: Тешка неизбежна одлука

by Журнал.мк

Пратеникот Скендер Реџепи кој ја напушти пратеничката група на партијата Алтернатива и најави дека отсега ќе настапува како независен пратеник во Собранието за НоваТв вели дека одлуката не била нималку лесна, но била неминовна.

„Не сум имал потреба со никого да се консултирам за мојата одлука оти истата е донесена самостојно и после сите истрошени чекори за враќањето на вистинските демократски вредности во партијата“, вели тој.

Реџепи вели дека не се работи за никакво ривалство оти немал аспирации за никаква раководна позиција.

„Јас чекав тесното раководство на партијата да донесе одлука со која ќе се подобри досегашното едноумие во партијата, но тие со последните одлуки, го продлабочија тоа едноумие, поради што неизбежна беше мојата одлука за независно политичко делување. Сум бил и продолжувам да бидам поборник на демократизација на политичките партии, а не истите да станат легла на приватни групи“, дополни Реџепи.

По вчерашното информирање од страна на Реџепи дека отсега ќе настапува како независен пратеник во Собранието, политичката партија Алтернатива наведе дека ова е целосно негова лична одлука и нема никаква врска со каков било став што се поврзува со некој орган или структура на партијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More