Home » Скај Спортс: Мбапе се согласил на преговори за нов договор со ПСЖ

Скај Спортс: Мбапе се согласил на преговори за нов договор со ПСЖ

by Lina Muslija

Очигледно дека сагата околу иднината на Килијан Мбапе ќе продолжи и понатаму. Прво фудбалерот одби да потпише нов договор, потоа одби да преговара за нова соработка и најави заминување како слободен во 2024 година, па потоа беше суспендиран, и сега на крајот, како што тврди „Скај Спортс“, се согласил да преговара за продолжување на договорот.

ПСЖ сакаше да го продаде веднаш за да заработи нешто на него, но тој одбиваше да замине. Светскиот првак од 2018 година одби да продолжи во Саудиска Арабија, а исто така пропадна можноста да замине во Реал Мадрид.

Во меѓувреме Мбапе беше вратен на тренинзите на првиот тим, и играше оротив Лориен кој заврши без голови. Останува да се види дали Мбапе ќе се согласи на нова соработка со „светците“. За потсетување дека од тимот во овој преоден рок заминаа Нејмар и Лионел Меси.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More